Во струшкото училиште Нико Нестор започна менување на старата дотраена дограма со нови певеце прозори, кои ќе овозможат поголема енергетска ефикасност и потопли училници.
- Во целост е промената дограмата на јужниот и источниот дел на СОУ "Нико Нестор". Она што следува во наредната година е да направиме напори за промена на дограмата во училниците од хемиската струка, кабинетити по архитектура и градежништво, кабинетот по математика и физика, кабинетот од хемиската струка. Сето ова се должи на успешната соработка со мојот раководен тим, соработката со вработените, грижата на бизнис заедницата во Струга за образованието, грижата на надлежните институции и секако нашата желба нашето училиште да биде препознатливо, вели Никола Затуроски директор на училиштето.