Премрзната жена од Шум згрижена во Св Еразмо

Сподели

Жена на возраст од 60 тина година денес околу пладне е згрижена во Специјалната болница за отропедија и трауматологија Свети Еразмо, дознава "Охриднет".

Жената живеела во село Шум струшко. До неа едвај стигнале  мобилните тимови на Здравствен дом Струга. Сожителите се загрижиле за неа бидејќи живеела подалеку од патот па денес  повикале помош. Екипите на Здравствен дом ја пронашле дома без електрична енергија но премрзната во нозете. Таа во моментов е згрижена во болница каде се следи нејзината критична  здравствена сотојба. Тешка но стабилна општа состојба. Измрзнатини од трет степен на нозете  и прв степен измрзнатини по раце и хипертензија. Отечени и се прстите  на нозете, без венски пулс на долните екстремитети. Постои ризик од гангрена, велат докторите.