Четири албанки нелегално работеле во кафана во Велешта

Сподели

Утрово од  00,45 до 01,30 часот во с.Велешта. струшко,граничната полиција и СВР Охрид, извршиле контрола во угостителскиот објект “Дипломат“, каде биле затекнати четири албански државјанки, кои престојуваат во РМ спротивно од целта на престојот.

Истите се приведени и против нив ќе биде поднесена соодветна пријава. Во Угостителскиот објект за време на контролата едно лице од с. Велешта ги попречувало полициските службеници во вршењето на службените работи, по целосно документирање на случајот против лицето ќе биде поднесен соодветен поднесок.