Во Струга изложба на дизајнерката Добровоцки

Сподели

На 17-ти јануари, со почеток во 20 часот, во Versus Lounge bar во Струга, LifeStyleFactory на македонската дизајнерка Тања Добровоцки после Берлин и Скопје ќе ја претстави својата прва изложба во Струга.

Посетителите на изложбата ќе можат да ги видат сите нејзини досегашни производи претставени преку дрвени макети. На овој начин ќе бидат презентирани неколку модели од: масите „EthnoCube“, „PixelMe“, „DarkForest“ и „Zen II“, столиците „Caleidoscope“ и „Muse“, како и полицата „Архитектура“. Покрај макетите, со потписот на „LifeStyleFactory“ ќе бидат изложени и 6 тањири со карактеристични македонски етно мотиви, а ќе биде прикажано и видео од процесот на изработка и начинот на употреба на предметите.

Минатата година младата дизајнерка, со постер од решението за нејзината маса „EthnoCube“, учествуваше на изложбата „Das ist Walter“, во истата галерија, на која беа избрани четворица победници. Гласањето од изложбата ја пласираше Тања Добровоцки меѓу првите четворица, со што и се овозможи учество на изложбата во Берлин, а потоа и самостојната изложба во Скопје.