Полјаци шверцувале дрога на Ќафасан

Сподели

Во заедничка акциска контрола на царинската управа на Република Македонија и граничната полиција-регионален центар Запад, вчера на граничниот премин „ Ќафасан“ беше пронајдена и одземена 1,6 килограми опојна дрога марихуана.

Притоа, три лица полски државјани се приведени а еден полски државјанин е во бегство.
Полските државјани беа детално контролирани при обид за влез во Република Македонија со нивното патничко моторно возило марка „Пежо“ со полски регистарски ознаки. При контролата, двајца од нив се упатиле кон тоалетот при што, во близина на контејнерите од џебовите извадиле и оставиле две паковки обвиткани со салотејп трака. Тоа било забележано од царинските и полициските службеници кои се упатиле кон двајцата полски државјани. Во истиот момент лицето E. D. W. (28) започнал да бега према шумата упатувајќи се према каменоломот по што лицата S.K.K. (29), L. D. Z. (62) и B.D. (28) веднаш се приведени.
Пронајдената дрога е одземена и предадена на вештачење во Министерството за внатрешни работи во Скопје. Во тек се мерки за пронаоѓање на полскиот државјанин по што, ќе биде поднесена соодветна пријава.