Пар од Скопје претепан во Струга

Сподели

Непознати напаѓачи во Струга претепаа машко и женско лице  од Скопје.Инцидентот се случи денес околу пладне во близина на училиштето "Јахја Кемал".

Според првичните информации на Охриднет напаѓачите од засега непознати причини напаѓачите ги застаналескопјените по што  ги истепале  двете лица на возраст од околу триесетина години. Потоа машкото лице го киднапирале. На сила го ставиле во нивниот автомобилот и заминале кон Струга. Претепаната жена помош побарала во струшката болница.
Физичкиот напад врз мажот и жената го потврди портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски, потенцирајки дека полицијата работи на расветлутвање на сите аспекти на случениот настан.