Саб01232021

Последна промена01:37:37 PM

SCREEN

Cpanel

   

  • sileks
Back Вие сте на: Home Вести Струга Ilikestruga.mk: Искасан стружанец од кучиња скитници

Ilikestruga.mk: Искасан стружанец од кучиња скитници

Сподели

На социјалната мрежа Facebook се појавија страшни слики на искасапен стружанец од глутница кучиња во Струга.

Проблемот кој последниве неколку години се провлекува низ Струга со кучињата скитници е се по алармантен. Општината е нема кога станува збор за ова прашање. Законот за заштита на животните не се почитува во таа мера на која истиот е донесен,пишува Ilikestruga.mk .

Здруженијата за заштита на животни веќе два дена молчат и ги нема да се јават барем со сооштение како што претходно тоа го правеа кога молеа за заштита на истите. Кога дојде ред да се заштити “човекот”, нив ги нема. Знаат ли воопшто и тие и Општината зошто е донесен тој закон?

Законот за заштита е дециден дека треба да се заштитат животните но не и животните кои претставуваат опасност за граѓаните. Законот важи и ги штити нив но само доколку кучињата скитници бидат згрижени и тргнати од градските улици. Хранењето на кучињата скитници од страна на здруженијата доведе до нивно групирање, правење чопори по Струга а со самото тоа се пробуди кај нив и инстинктот за чување територија. Се поставува прашањето: Koj ќе ја плати казната за неносење заштитна маска на кучето скитник и кој ќе ја плати казната за напад од страна на куче и загрозување на општата безбедност на граѓаните? Општината или Здружението кое ги храни овие опасни бездомници, прашува порталот Ilikestruga.mk .

Друга пречка која се провлекува во Струга се корумпираните адвокати кои не сакаа да дадат изјава пред камерите и новинарите на поставеното прашање за тоа што треба да направат граѓаните кога ке бидат уплашени или нападнати од куче скитник? Одговорот на дел од нив беше дека нивните сопруги работат во Општина или Комуналното претпријатие и поради тоа не сакаат да се замерат со институциите. СТРАШНО. Ваков одговор добив од струшките адвокати. Бидејќи “мкедонските адвокати” не сакаа да зборуваат, се обратив кај албанските кои ми дадоа одговор.

-Во случај да биде било кој граѓанин каснат и повреден од куче скитник, куче без сопственик, тогаш во тој момент, во таков случај легитимиран, односно пасивно легитимиран судски да се бара отштета за таквата повреда е самата Општина,вели адвокатот Ардијан Демири.20.000 евра казна за Општината, 5000 евра глоба за Градоначалникот која нема да изгради стационар за кучињата скитници кои секојдневно претставуваат опасност за населението. Ако се применива оваа мерка доследно, Струга треба да издвои голема ставка во општинскиот буџет. Градот врие од кучиња-скитници.

Во туристичка Струга се почести се ваквите слики. Граѓаните не можат слободно да се движат по улиците од многубројните кучиња-скитници кои неретко слободно си шетаат и во глутници. А многу често ги напаѓаат минувачите. Градоначалникот очигледно не ја забележаловаа појава, но граѓаните се сведоци на многу немили ситуации.

Со оглед на непотизмот, корумпираноста и слично во градот Струга, ilikestruga.mk им порачува на своите читатели, помош од адвокат да бараат во соседниот Охрид.

Дали следната жртва ќе биде некој близок вработен во општината или комуналното претпријатие или можеби на некој адвокат ќе донесе да се стави ред со кучињата скитници во Струга, останува да видиме.

Јованчо Нумоски

Извор Ilikestruga.mk

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK