Во два дена две жртви на кучиња скитници во Струга

Сподели

Во два дена две жртви на кучиња скитници во Струга. Стравични се раните на телото на Драган Пејоски, кој пред два дена едвај спаси жива глава од агресивните кучиња.

Драган тргнал на работа и додека чекал превоз на Женска плажа, среде центар во Струга, го нападнале десетина кучиња. Нападот се случил од ненадеж , едно куче прво го нападнало за потоа да му се придружи цела глутница.
Го собориле на земја и му кинеле парчиња месо од телото. Раните се болни , но уште поболни се траумите и стресот.

- Почнав да се враќам наназад демек да земам камен нешто да се одбранам. Борејќи се со кучето тоа агресивно беше многу. Јас како што бев навален барав камења а бе тоа секундарно се затрчаа десетина кучиња и ме паднаа на земја и почнаа сите да ме касат. Не дај боже да беше жена или девојче или дете јас ви гарантирам дека немаше да остане живо.,вели Драган Пејоски жртва на кучиња.

Од крволочните животни го спаси минувач кој мавал по разбеснетите кучиња.

- Човекот беше легнат долу, кучињата буквално го јадеа, не го гризеа го јадеа. Јас се размавтат со торбицата, викав и кучињата се разбегаа. Чивекот беше лом напраен, вели очевидецот Иван Андреевски.

Од бесот на глутницата агресивни кучиња се спаси уште еден стружанец и тој се здоби со длабоки рани на телото.
Во Струга врие од кучиња скитници а градоначалникот не презема ништо за решавање на овој горлив проблем. Но затоа сега Села ќе треба да го одврзи ќесето и да им исплати отштета на искасаните граѓани во висина од 20.000 евра, бидејќи нема стационар за кучињата скитници кои секојдневно претставуваат опасност за населението.

Новинар Соња Рилковска

Канал 5