Нед01242021

Последна промена12:49:14 PM

SCREEN

Cpanel

   

  • sileks
Back Вие сте на: Home Вести Струга Ограбена „Св.Петка“ во Долна Белица

Ограбена „Св.Петка“ во Долна Белица

Сподели

Продолжуваат кражбите во православните храмови во струшко. Деновиве на мета на крадци била црквата „Св.Петка“ во струшкото село Долна Белица.

Вандалите, кои засега се непознати за полицијата, низ отворената влезна врата влегле во внатрешноста на црквата и со подесен предмет ја откорнале вратничката од металната каса во која се оставаат пари, при што одземени се околу 1.000 денари.

Кражбата од црквата вчера била пријвена во полициската станица во Велешта а била извршена во периодот од 22 минатиот до први овој месец.

Инаку, ова не е прва кражба од цркви во струшко. Изминативе години извршени се стотина кражби од многу православни цркви во Струга и селата во струшкиот регион. Крадците-вандали најчесто кршење на врати и прозори со сила влегувале во црквите од каде најчесто се одземани вредни икони, пари и други црковни предмети.

Полицијата досега ги има пронајдено крадците од неколку цркви во Струга и Охрид и им поднесе кривични пријави. Пред неколку години беше разбиена и криминална група од Албанија која во струшкиот дел имаче направено серика кражби од цркви.

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK