Пет01222021

Последна промена01:37:37 PM

SCREEN

Cpanel

   

  • sileks
Back Вие сте на: Home Вести Струга Тетовец крадел во струшко

Тетовец крадел во струшко

Сподели

Поради постоење основи на сомнение за казнено дело „кражба“, полициската станица од Струга поднесе кривична пријава против Џ.С. (35) од Тетово. 

На седми февруари оваа година, пријавениот искористил згодна прилика и од џебот на И.А (78) жител на струшкото село Подгорци одзел паричник со 145 евра и 10.500 денари. 

Кражбата се случила пред Стопанска банка во Струга каде И.А. ја подигнал својата пензија. Излегувајќи од банката во него се втурнале две лица по што оштетениот набрзо забележал дека му го нема паричникот.
И.А. кражбата веднаш ја пријавил во полициската станица во Струга каде набрзо извршил фотогравско препознавање на можниот сторител на кражбата.
Џ.С. е лице познат извршител на вакви кривични дела против кого и досега биле поднесувани повеќе кривични пријави.

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK