Чет01212021

Последна промена02:53:57 PM

SCREEN

Cpanel

   

  • sileks
Back Вие сте на: Home Вести Струга Пијан стружанец ја претепал вереницата

Пијан стружанец ја претепал вереницата

Сподели

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „телесна повреда“ при вршење семејно насилство, полициската станица од Струга поднесе кривична пријава против Г.А. (42) од Струга.

 

На седми овој месец, пријавениот во алкохолизирана состојба започнал вербална расправија а потоа физички ја нападнал неговата вереница. Настанот се случил во 00.15 часот во неговиот автомобил на пат кон Струга.
На поставено прашање од вереницата, пријавениот Г.А. започнал караница а потоа и навреди кон неа. Во еден момент тој го запрел автомобилот по што со рака започнал да ја удира по лицето.

-Оштетената успеала да излезе од автомобилот но Г.А. ја убедил да се врати назад и смирено да разговараат. Во близина на нејзиниот дом, повторно настанала вербална расправија каде пријавениот Г.А. физички ја нападнал вереницата удирајќи ја со тупаници во пределот на главата и телото по што ја оставил и заминал, изјави портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.

Од страна на полициски службеници, оштетената е префрлена во општата болница во Струга каде се констатирани телесни повреди и укажана и е неопходна медицинска нега.

 

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK