Чет01212021

Последна промена02:53:57 PM

SCREEN

Cpanel

   

  • sileks
Back Вие сте на: Home Вести Струга Стотици телефони украдени од продавница во Струга

Стотици телефони украдени од продавница во Струга

Сподели

 

Засега непознат сторител извршил тешка кражба во продавницата за продажба и сервисирање на мобилни телефони „Дени мобил“ во Струга.

Тој бесправно одзел околу сто мобилни телефони од различни марки донесени на поправка како и нови два мобилни телефони марка „Ајфон-5-С“, три мобилни телефони марка „Ајфон-4-С“, еден мобилен телефон марка „ЛГ-Ф-50“, еден мобилен телефон марка „Сони Ериксон-СТ-26“ и еден лап-топ марка „Ацер“.
Според портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски, кражбата во продавницата лоцирана на улицата „27 март“ во Струга е извршена во периодот од 22 часот на 15-ти до 08 часот на 16-ти март оваа година со кршење на стаклото од влезната врата. Сторителот употребил тврд предмет со кој го скршил стаклото и откако влегол во внатрешноста на продавницата, извршил пребарување а потоа и противправно одземање на мобилните телефони и лап-топ компјутерот.
На лице место извршен е увид а полициската станица од Струга работи на расветлување на случајот и пронаоѓање на сторителот.

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK