ФОТО: Еве каде е пронајдено безживотното тело

Сподели

Пронајдено машко тело во село Драслајца струшко. Вчера околу 17 часот случаен минувач го забележал трупот  на местото викано Дупки во атарот на селото,  покрај реката Сатеска. Тој веднаш случајот го пријавил во полиција.

 

- Безживотното тело е во поодмината фаза на распаѓање и  за утврдување на идентитетот ќе биде испратено на обдукција во судска медицина Скопје, соопшти портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.

На лице место беше извршен увид во присуство на  јавен обвинител и полициски екипи.

-Телото во фаза на распаѓање е пронајдено на стотина метри од глвниот пат што води кон Драслајца. Во запуштена околина покрај реката Сатеска.

Околните жители не сакаа да зборуваат пред камера.

-Бегај ајде одовде немам што да кажам. Ова не е државно, приватно место е , грубо одговори жител на Драслајца.

-Незнам ништо на радио слушнав за настанот, вели еден минувач.

Чаршија  наголемо зборува  дека се работи за обезбедувањето на струшкиот градоначалник Зијадин Села. 27 годишниот Уран Купа, од струшкото село Велешта, кој мистериозно исчезна на 06 февруари годинава.

Села се сомневаше  дека Купа е киднапиран, бидејќи од дома излегол навечер кажувајќи  дека ќе оди да прошета а од тогаш му се губи секаква трага. Критичната ноќ не одговарал на повиците на  мобилниот телефон,  многу подоцна  испратил смс да не го бараат дека бил на состанок.Тоа уште повеќе ги разбуди сомнежите кај неговото семејството.  Купа во Струга важи  за мирен човек татко на две малолетни деца , кој немал кавги и закани.

Неговиот автомобил беше пронајден после два дена, на автобуската станица во Дебар. Во него останаа само неговите зимски ракавици. Купа е единствениот исчезнат во овој регион, но дали  станува збор за  него сепак   официјално треба да  потврди обдукцијата.

Новинар Соња Рилковска

Канал 5