Средношколци од Струга денес ќе одржат протестни маршови против задолжителното полагање на математика на матура и начинот на полагање на екстерното тестирање.
На тој начин, струшките средношколци им се придружуваат на средношколци од Велес Скопје, Куманово, Кавадарци и Неготино.
После одбиените барања од страна на Министерството за образование и наука, учениците се одлучни во тоа да се соберат во поголем број со цел да го искажат нивниот револт кон, како што велат, лошите реформи во средното образование.