Проекции од филмскиот фестивал „Македокс“ и во Струга

Сподели

Во Струга како и во уште 12 други градови во земјава ќе има филмски проекции од Фестивалот на креативен документарен филм „Македокс“.

Во следните седум месеци Младинските кино-клубови на Фестивалот на креативен документарен филм „Македокс“ заедно со МОФ ќе заживеат во 12 градови низ земјата со 84 филмски проекции. Филмските проекции се бесплатни и ќе се одржуваат еднаш месечно во Струга, Неготино, Велес, Кичево, Дебар, Кратово, Битола, Куманово, Тетово, Делчево, Ресен, Гевгелија и во Скопје.

Фестивалот на креативен документарен филм „Македокс“ е основан во Скопје во 2010 година со цел да ја претстави и промовира креативната документарна филмска уметност. Зачнат со ентузијазмот на една група на доку-љубители, „Македокс“ за само пет години успеа да прерасне во национална, регионална и светски етаблирана филмска манифестација со над 80 проекции годишно, придружена со изложби, дебати, работилници, мастер-класови и музички настани.
Циклусот започнува денес во Неготино со проекција на документарниот филм „Алфабет“ на Ервин Вагенхофер. Проектот е поддржан од National Endowment for Democracy – Вашингтон, САД.