Нед01242021

Последна промена12:49:14 PM

SCREEN

Cpanel

   

  • sileks
Back Вие сте на: Home Вести Струга Струшка фирма се обидела да не плати царински давачки

Струшка фирма се обидела да не плати царински давачки

Сподели

На царинската испостава Струга е откриен обид за избегнување на плаќање на царински давачки со погрешно тарифирање на стока.

Фирма од Струга пријавила за увозно царинење медијапан во табли и лајсни, декларирани во тарифна ознака со пропишана стапка за царински давачки од 0%, но при документарниот и физичкиот преглед на стоката, царинските службеници утврдиле дека стоката треба да се распореди во друга тарифна ознака со пропишана стапка за царински давачки од 18%. Врз основа на новоутврдената состојба биле пресметани дополнителни увозни давачки во износ од 63.824 денари.

Изминатава недела мобилните царински тимови, при контрола на автобус со турски регистарски таблички, кој сообраќал на редовната линија Истанбул-Струга откриле 300 женски марами. Марамите се  откриени на граничниот премин Богородица во автобус  пријавен за влез во државата. Непријавените марами се пронајдени во 3 патни торби, сопственост на македонски државјанин, патник во автобусот.



  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK