Чет01212021

Последна промена02:53:57 PM

SCREEN

Cpanel

   

  • sileks
Back Вие сте на: Home Вести Струга Поддршка за претприемништвото во регионот

Поддршка за претприемништвото во регионот

Сподели

Утре – 26 март во хотелот Дрим во Струга ќе се одржи првата работилница од проектот насочен кон поддршка на приватниот сектор во Југозападниот плански регион.

- Главната цел на проектот е да се зголеми конкурентноста на планските региони преку поддршка на малите и средните претпријатија и на претприемништвото во Регионот. Со реализацијата на планираните проектни активности се очекува зголемување на степенот на инвестиции што ќе овозможи креирање на нови работни места и задоволување на барањата и интересите на бизнис заедницата. Проектот, исто така, треба да го зголеми пристапот до информации и степенот на учество на приватниот сектор во носење на соодветни одлуки на локално и регионално ниво.
Посебно внимание, во текот на реализацијата на проектот, ќе биде посветено на двата суштински документи кои треба да бидат изработени во наредниот период – Програмата за развој на МСП заедно со Комуникациската стратегија и на Водичот за инвестиции, а кои треба да придонесат за остварување на проектните цели и подобрување на општата економска состојба во Регионот.
На серијата од повеќето работилници ќе бидат обработени повеќе теми од интерес на бизнис заедницата како потенцијали за развој, финансирање од домашни и меѓународни извори, вмрежување и други актуелни теми, а за што како предавачи ќе бидат поканети истакнати македонски експерти. Центарот за развој на Југозападниот плански регион ги поканува заинтересираните претставници на бизнис заедницата да земат учество на планирание работилници.
Проектот е финансиран од Министерството за локална самоуправа и Програмата за развој на Обединетите Нации. 

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK