Чет01212021

Последна промена02:53:57 PM

SCREEN

Cpanel

   

  • sileks
Back Вие сте на: Home Вести Струга Два килограми хероин во автобусот од Истанбул за Струга

Два килограми хероин во автобусот од Истанбул за Струга

Сподели

Вчера во раните утрински часови, во 04:30 часот на граничниот премин Богородица за влез во државата се пријавил автобус со турски регистарски ознаки кој сообраќа на редовна линија Истанбул – Струга.

Автобусот со 43 патници, бил селектиран за детална контрола. При контролата, во багажниот простор во црна патна торба со дупло дно, царинските службеници пронашле 4 црни кеси обвиткани со селотејп, наполнети со кафеава прашкаста материја со вкупна тежина од околу 2 кг, која на тестер за наркотици „NIK“ покажала дека се работи за наркотична дрога хероин. Никој од патниците не се јавил како сопственик на торбата.
По преземање на случајот од страна на инспекторите од Одделението за истраги при Царинската управа, во координација со Основното јавно обвинителство – Велес, веднаш биле преземени активности за пронаоѓање на сопственикот на дрогата и за утврдување на сите факти и докази во врска со кривичното дело.

Од спроведените предистражни мерки, инспекторите откриле дека торбата со дрога им припаѓала на двајца македонски државјани со иницијали Д.Џ. (39) и А.Д. (51), кои по претходен договор и план за пренос на дрога, отпатувале во Истанбул каде набавиле околу два килограми хероин и имале намера прво да го пренесат во Македонија, а потоа да го транспортираат во Швајцарија каде требало да го продадат. Во Истанбул, Д.Џ. заедно со уште едно лице – турски државјанин ја спакувале дрогата и ја сместиле во црна патна торба со изработено дупло дно. Македонските државјани потоа со автобус заедно со дрогата тргнале кон Република Македонија, но на граничниот премин Богородица беа откриени од страна на Царинските службеници.

Осомничените се лишени од слобода и предадени во Основниот суд Велес, а Царинската управа до надлежното Основно јавно обвинителство против осомничените поднесе кривична пријава за неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори.

Судија во претходна постапка на двајцата осомничени им одреди мерка притвор во траење од 30 дена.

Извор Спектра 

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK