Вто01182022

Последна промена03:50:18 PM

SCREEN

Cpanel

   

  • sileks
Back Вие сте на: Home Вести Струга Вевчанци добија најсовремено училиште

Вевчанци добија најсовремено училиште

Сподели

Учениците во Вевчани добија најсовремено училиште. Објектот, кој е изграден нов од темел се протега на 2500 метри квадратни.

Училиштето располага со дваесет комплетно опремени училници и кабинети, библиотека, простории за фолклорна и ликовна секција, трпезарија и млечен ресторан.

 

234 те ученици во општина Вевчани, од утре имаат најмодерни услови за следење настава.

- При изработката на проектот, се водеше внимание училиштето да ги задоволи сите критериуми и стандарди за квалитет, но и да се вклопува во околината. Така денеска стоиме пред зграда која има традиционален македонски стил, карактеристичен за Вевчани и целосно одговара на амбиентот на ова живописно место. Со задоволство можам да истакнам дека ова е едно од најубавите училишта изградени во земјата во последните неколку години, истакна министерот за образование Спиро Ристоски.

Планот на општината е од следната година во основното училиште “Страшо Пинџур” да бидат отворени и две паралелки за средно образование, во кои се очекува да учат и ученици од околните села.

- Една средно медицинско и една гимназија. Затоа што имаме дваесет училници, осумнаесет ќе бидат искористени за деветолетката, а двете останати за средно образование. Овде сите ученици ќе одат во една смена затоа што имаме доволно простории, изјави Цветомир Угриноски градоначалник на Вевчани.

Училиштето “Страшо Пинџур” во Вевчани чини вкупно 65 милиони денари, 62 милиони ги обезбеди министерството за образование и 3 милиони се донација за опремување на “АД Мепсо”.

Ова е прва инвестиција на државата во училиште во Вевчани претходните три објекти со свои средства ги граделе жителите на општината.

 

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK