Вто01182022

Последна промена03:50:18 PM

SCREEN

Cpanel

   

  • sileks
Back Вие сте на: Home Вести Струга Осветен куполниот крст на манастирот во Вевчани

Осветен куполниот крст на манастирот во Вевчани

Сподели

За само три месеци рекордно заврши првата фаза од изградбата на манастирот “Свети Великомаченик Ѓорѓи” на влезот во општина Вевчани.

Денеска беше поставен и осветен крстот на духовниот храм, кој е издигнат веднаш до Порта Вевчани.



Манастирот ќе биде изграден на девет илјади метри квадратни со донации од граѓаните. Светиот храм е во форма на крст и уште сега, во фаза на изградба изгледа грандиозно.

-Вчера беше поставен куполниот крст на манастирската црква во месноста Суво поле Вевчани. Желба беше на донаторот на крстот истиот да биде осветен. Јас предложив да го осветам на лице место горе на куполата. Крстовите во пракса прво се осветуваат па се монтираат, но јас се качив горе и со благослов на Владиката Тимотеј го осветив куполниот крст. На црковната церемонија присуствуваа верници, архитектот и фирмата која ги изведува градежните работи "Виа Вевчани" на чело со Горѓи Угриноски ,изјави за Охриднет отец Зоран Попоски.

Камен темелник на манастирот беше поставен на големиот христијански празник “Свети Георгиј” или народно познат како “Ѓурѓовден”.

Изградбата на црквата во Октиси е испит на соживотот, додава отец Попоски.

- Во однос на проблемот во Октиси сакам да додам дека изградбата на храмот “Свети Димитрија” е испит за соживотот меѓу македонците од исламска и муслиманска веросиповест. Ако и натаму ја оспоруваат изградбата на парклисот тоа значи дека не сакаат соживот. Ние не градиме од инает туку на местото на старата црква сакаме да изградиме нова. Им кажуваме дека на црквата нема да има камбана која ќе ги буди секое утро, туку тоа ќе биде место каде православните ќе може да запалат свеќа и да се помолат на Бога, додава Попоски.

Изградбата на црквата во Октиси е испит за соживот во целата околина на Октиси, Подгорци, Лабуништа, Боровец дури и Јабланица.

 

 

 

 

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK