Вто01182022

Последна промена03:50:18 PM

SCREEN

Cpanel

   

  • sileks
Back Вие сте на: Home Вести Струга Продолжуваат средбите за "случајот" Октиси

Продолжуваат средбите за "случајот" Октиси

Сподели

Денеска митрополитот дебарско кичевски Влаиката Тимотеј  и муфтијата на ИВЗ Струга Салим Сулејмани на заедничка средба да најдат излез за смирување на тензиите што настанаа пред десетина денови при  обидот да се постави камен темелник за обновување на црквата "Свети Димитрија" во селото Октиси, јави "Дојче Веле".

 

Пред четири дена средба со владиката оствари и  струшкиот градоначалник Зиадин Села. Од нивниот триесетминутен разговор не произлезе никаков договор. 

Села побара од судот времена мерка за одложување на изградбата на параклисот, со образложение дека тоа е најдоброто решение за да се смират тензиите. 

Меѓуверскиот инцидент се случи пред десетина дена  кога православните жители на селото Октиси беа спречени од нивните сожители од муслиманска веросиповед да стават темели за обновување  на црквата “Свети  Димитрија”, за што имаат градежна дозвола.  

 

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK