Завршува реконструкцијата на патот Струга Дебар
- Детали
- Објавено на Вторник, 10 Септември 2013 23:21
Привршува реконструкцијата на регионалниот пат Струга - Дебар. Изминативе месеци со забрзана динамика се работеше на поставување на нов асфалтен слој на овој патен правец.
Патот конечно е безбеден ги нема огромните дупки, кои претставуваа опасност за возачите.
Патниот правец, Струга Дебар , во должина од шеесетина километри, во изминатиот период претставуваше опасност по безбедноста во сообраќајот. Реконструкцијата првично започна пред три години, кога беше реконструирана делницата Глобочица-Џепиште во должина од 24 километри,а минатата година почнаа работите околу рехабилитација на останатиот дел од патот, како и мостот во близина на Глобочица.
Но, поради лошиот квалитет на работите договорот со изведувач беше раскинат. Па речиси една година делови од патот беа со изгребан асфалт и преполни со ударни дупки.
Сега градежните работи на патот ги привршува ГП Илинден" од Струга.