Јанкуловска :Дијалогот е единствениот начин за решавање на проблемот во Октиси
- Детали
- Објавено на Петок, 13 Септември 2013 13:54
Дијалогот е единствениот начин за решавање на проблемот во струшкото село Октиси, истакна министерката Јанкуловска при денешната посета на Струга.
- Мора да сее изнајде решение кое ќе биде прифатливо за сите жители на Октиси. Сепак Струга е мултиетничка средина и ние мора да ги искористиме сите средства за мирно и достоинствено разрешување на оваа ситуација која предизвукува најголемо внимание, додаде Гордана Јанкуловска министер за внатрешни работи.
Меѓуверскиот конфликт во Октиси се случи на 25 Август, кога жителите од христијанска вероисповест беа спречени од нивните сожители од муслиманска вероисповест да постават темели за обнова на црквата “Света Димитрија” во селото Октиси.
Полицискиот кордон ги делеше двете поголеми групи граѓани, а потоа имаше средба на претставници од двете верски заедници на која присуствуваа и градоначалникот Села, муфтијата на ИВЗ Струга и митрополитот дебарско кичевски Владиката Тимотеј.
После инцидентот се остварија две средби за смирување на страстите. Едната меѓу Тимотеј и Села, а на другата присуствуваше и струшкиот муфтија, но се уште конкретно решение.
Црквата треба да се гради на плац на МПЦ , на место каде порано посетоел црковен храм за што има фотографии и документи.