Сре05252022

Последна промена10:53:20 AM

SCREEN

Cpanel

   

Back Вие сте на: Home Вести Струга На фејсбук се собираат "лајкови" за изградба на црквата во село Октиси

На фејсбук се собираат "лајкови" за изградба на црквата во село Октиси

Сподели

“Лајк за изградба на црквата во Октиси” е страната, која се појави вчера  на социјалната мрежа фејсбук за собирање на гласови за обнова на црквата "Свети Димитрија" во струшкото село Октиси.

“Постои ли ЦРКВАТА,постоиме и НИЕ, затоа да кажеме ДА ЗА ИЗГРАДБА НА ЦРКВАТА ВО О К Т И С И” стои на страницата.

 

- “ОКТИШАНИ НЕМААТ НИКАКОВ ДЕМАНТ ПРОТИВ РЕАЛНОСТА,, А ТОА Е ПОСТОЕЊЕТО НА ЦРКВАТА,ПА ИЗМИСЛУВААТ НЕКАКВИ СИ КРИМИНАЛНИ ИГРИ НА ПРЕТСТАВНИЦИТЕ НА ВЛАСТА И ЦРКВАТА,ПРИТОА МЕШАЈЌИ ГО ДУХОВНИОТ СО СВЕТОВНИОТ АСПЕКТ НА ЖИВЕЕЊЕ НА МАКЕДОНСКИОТ НАРОД,СЕ СО ЦЕЛ ДА ЈА СПРЕЧАТ ИЗГРАДБАТА НА ЦРКВАТА...ЗА ЖАЛ,МАКЕДОНЦИТЕ КАКО ВЕКОВНО ТВРДОКОРЕН НАРОД,И СЕГА ЈА ДОКАЖУВААТ САМО ВИСТИНАТА-ПОСТОЕЊЕТО НА ЦРКВАТА ВО ОКТИСИ!!!
И БАДИЈАЛА НЕКОЈ СЕ ПОТРУДИЛ ДА ГО ВМЕША ОТЕЦ ЗОРАН ПОПОСКИ ВО НЕКОИ СИ ЗАМИСЛЕНИ КРИМИНАЛНИ ИГРИ,КОГА СИТЕ ЗНАЕМЕ ДЕКА ОТЕЦОТ ЧЕСНО СИ ЈА ИЗВРШУВА СВЕШТЕНИЧКАТА ФУНКЦИЈА,ВО СОГЛАСНОСТ СО СВЕТИТЕ КАНОНИ НА МПЦ!!!”, пишуваат креаторите на фејсбук страницата.

Досега страницата им се допаднала на 729 фејсбук корисници.


Инаку меѓуверскиот конфликт во Октиси се случи на 25 Август, кога жителите од христијанска вероисповест беа спречени од нивните сожители од муслиманска вероисповест да постават темели за обнова на црквата “Света Димитрија” во селото Октиси.

Еве го линкот од фејсбук страницата 

 https://www.facebook.com/pages/Like-za-izgradba-na-crkvata-vo-O-K-T-I-S-I/710879242275030

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK