Сре05252022

Последна промена10:53:20 AM

SCREEN

Cpanel

   

Back Вие сте на: Home Вести Струга Во новата академска година ФОН со нов ректор

Во новата академска година ФОН со нов ректор

Сподели

Со свечена програма, првиот приватен универзитет во Република Македонија-ФОН ќе го означи денешниот почеток на новата академска година.Свечени часови ќе се одржат во универзитетските центри на ФОН во Струга, Гостивар и Струмица а централната свечена академија ќе биде во Среда во универзитетскиот кампус на ФОН во Скопје.

 

 

 

Тогаш пред професорите и студентите на ФОН-идните академски граѓани, на посебна инаугуративна церемонија ќе се изврши свечено воведување на академик Владо Камбовски во должноста Ректор на универзитетот ФОН. Тој, престижната функција ќе ја преземе од досегашниот Ректор професор доктор Александар Николовски.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Во академската 2013/2014 година, бројот на новозапишани студенти на ФОН се зголеми за 23 проценти во однос на минатата учебна година. Во приватното високо образование, ФОН запиша повеќе студенти од вкупниот број запишани студенти на сите други приватни универзитети во Република Македонија, вели за „Охриднет“ Стефан Буџакоски редовен професор на универзитетот ФОН и член на одборот за акредитација и евалуација на високото образование во Република Македонија. Предноста на ФОН е во примената на практичната настава и обука на студентите преку изведување на клиничка настава за секој предмет поединечно по области и факултети но и проекти на ниво на Универзитет, додава професорот Буџакоски.

Клиничката настава односно практичната обука е посебно интересна за студентите од вториот циклус на студии, додава тој. Како специфични проектни зафати на оваа приватна реномирана високо образовна научна институција во Република Македонија, Буџакоски ги издвои проектот фабриката на знаење, проектот импровизирано (симулирано) судење, детективската тактика и техника а посебно го издвои проектот „Во Македонија се може“ кој е поврзан со стипендирање на талентирани студенти на кој аплицирале дури 2000 кандидати. Професорот потенцира дека светските трендови и техники на предавања се практикуваат на сите факултети на првиот приватен универзитет ФОН и дека 51 процент од севкупната настава на факултетот за Правни науки, Економски науки, Информатика, Дизајн и мултимедија, Странски јазици, Политички науки, Детективи и безбедност, Спортски менаџмент и Архитектура, отпаѓаат на клиничката настава со што ФОН станува практичен универзитет.Тоа, вели Буџакоски, се должи на интензивната грижа и посветеност на професорскиот кадар на ФОН кон потребите на студентите и тоа е одговор на прашањето како студентите на ФОН доаѓаат до врвни знаења.

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK