Жител на Радолишта бесправно градел

Сподели

ПС Струга поднесе кривична пријава против Р.Б. (36) од с.Радолишта, струшко, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење“.

Пријавениот во текот на јануари 2016 година на катастарска парцела во катастарска општина Струга, на објект индивидуална стамбена куќа, изградил доградба и надградба со габарити спротивно на издаденото одобрение за градба од надлежните институции. Од страна на градежен инспектор на општина Струга составен е записник и донесено е решение за усогласување на градбата согласно одобрението.