Украдени пари и златен крст од цквата “Света Богородица” во Дренок
- Детали
- Објавено на Петок, 20 Септември 2013 15:10
Вчера во полициската станица Струга е пријавено дека во периодот од 10.09. до 18.09.2013 година непознат сторител извршил кражба.
Крадецот откако насилно ја отворил главната метална врата од црквата „Св.Богородица“ во с.Дренок-струшко, потоа влегол внатре и одзел околу 2.000 денари и еден крст метален-позлатен. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот.