Појачани полициски сили на Ќафасан

Сподели

Поради можноста бранот бегалци да се пренасочи од Грција кон Албанија, албанските власти блиндираа пет гранични премини кон Македонија и Грција, јави електронското издание на весникот „Шекули“.

 

Околу 450 припадници на специјалната полициска единица за брзи интервениции од Тирана, Скадар и Фиер, лоцирани се на граничните премини Ќафасан на границата со Македонија, кај Струга, како и Капштица и Три Моста кај Корча, како и премините Какавија и Ќафа е Ботас кај Ѓирокастро, на границата со Грција. ­

– Полициските патроли постојано патролираат покрај границата и се во состојба на готовност и ја надгледуваат ситуацијата со цел евидентирање на секој случај на нелегално преминување од страна на сириски имигранти. Бидејќи соседните земји, Грција, Македонија и Бугарија ги затворија границите за бегалците постои опасност тие да ја сменат маршрутата кон Албанија – пишува весникот.

Според истиот извор во Албанија, три поранешни воени караули се отворени за прифаќање бегалци, но се верува дека не се доволни. Тоа и поради фактот што и ЕУ нема конкретна одлука за финансиска поддршка за соочување со евентулен бран бегалци за земјите што се соочуваат со тоа, констатира весникот.

Republika.mk