ФЗОМ на средба со струшките пензионери

Сподели

СТРУГА,10 март 2016 година,Фондот за здравствено осигурување на Македонија реализира нов,трет циклус на теми кои се од посебен интерес на пензионерите.


Домаќин на средбата беше Здружението на пензионери од Струга,каде и што се одржа средбата –работилницата,како што истакна претседателот Милорат Трпоски претседател на здружението. Исто така на работилницата присутен беше и директорот на подрачната едница на ФЗОМ за Струга Коста Фармакоски кој раководеше со истата.

На работилницата учество зедоа претстравниците од ФЗОМ,Лила Коџоман,началник и Филеска Јасмина искусен едукатор.
Во рамките на проектот „Фондот поблиску до пензионерите“организираа заеднички средби во фондовите за здравствено осигурување на подрачната служба-Струга. Новиот циклус на работилници имаа особен осврт за специјализираната медицинска рехабилитација и рефундациите.
Станува збор за едукација за определени здравствени проекти и услуги кои ги финасира ФЗОМ,но и други теми што се од интерес за оваа категорија на осигуреници.
Овие едукативни работилници имаат за цел да го зголемат нивото на информираност на пензионерите за своите права од здравствено осигурување како и за други прашања кои се од интерес на ова популација.
Во проектот трет партнер беше вклучен покрај ФЗОМ и СЗПМ , ЗП –Струга е Црвениот Крст на Република Македонија и општинскиот Црвен Крст.

автор СТОЈАН КУКУНЕШОСКИ