Синоќа едно непознато лице , со пиштол во рацете ограбил продавница во Струга.Настанот се случил во 21,45 часот во Струга, на улицата.„Моша Пијаде“ во продавница „Балко-Пром“.
За полицијата сеуште непознатиот ограбувач, со закана со пиштол од една вработена одзел околу 1000 денари и 25 штеки цигари по што го напуштил местото на настанот. Увид на лице место извршила увидна екипа нод полициската станица Струга. Полицијата презема мерки за целосно расчистување на случајот.