ФОТО - Струшко Ташмаруништа плени со мир и спокој
- Детали
- Објавено на Недела, 22 Септември 2013 10:31
Ташмаруништа е село распослано во струшкото поле, на самиот брег на Глобочичкото езеро во Дримколската клисура.
Селото е надалеку познато по вредните црковни храмови како што се црквата Св. Архангел Михаел стара повеќе од 150 години и Ранохристијанската базилика Света Мартинија.
Местото ги плени авантуристите. Глобочичкото езеро нуди можности за пливање, кампување и рибарење.
Зелената боја од планински предели се прелева во водите на езерото и нуди незаборавна глетка, мир и спокој.
Ташмаруништа брои околу 200 жители. Интересно е што овде денес се градат доста нови луксузни вили.