Жител на Албанија ограбил фризерница во Струга

Сподели

Поради постоење основи на сомнение за сторени три казнени дела „тешка кражба“, полициската станица од Струга поднесе кривична пријава против Н.С. (20) од Прењас – Република Албанија.

-На 2о-ти минатиот месец, пријавениот, со употреба на камен го скршил стаклото од влезната врата на една фризерница лоцирана на улицата „Партизанска“ во Струга. Тој, откако извршил пребарување, одзел повеќе апарати за потстрижување и други предмети, со што се стекнал со противправна имотна корист од 30.000,оо денари, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
На почетокот на февруари годинава, пријавениот Н.С. со камен скршил прозор од приземјето на куќа лоцирана на улицата „Маршал Тито“ во Струга. Откако влегол во внатрешноста извршил пребарување во собите по што бесправно одзел поголема количина накит „Сваровски“ во вредност од 30.000,оо денари. Потоа преку прозор од спална соба на западната страна од куќата успеал да се спушти на кровот од гаражата и незабележан избегал.
Според информациите на портпаролот Димоски, кон крајот на јануари оваа година, Н.С. со насилно отворање на прозорецот, успеал да влезе во продавница за авто делови на улицата „Маркс и Енгелс“ во Струга. Притоа одзел пари, филтри за масло, греачи и други предмети со што се стекнал со противправна имотна корист од 7.500,оо денари.