Вто08042020

Последна промена03:26:05 PM

SCREEN

Cpanel

  

  • sileks
Back Вие сте на: Home Вести Струга Две кривични за бесправно градење во Струга

Две кривични за бесправно градење во Струга

Сподели

Полицијата поднесе две кривични пријави за бесправно градење во Струга. Едната се однесува на изградба на колективна зграда, а другата за станица за технички преглед.

ПС Струга поднесе кривична пријава против А.А. (36) од Струга поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење“. Пријавениот како инвеститор на локација во катастарска општина Струга без одобрение за градење започнал градба на објект - станица за технички преглед на возила. Од страна на градежен инспектор на Општина Струга составен е записник и донесено е решение за отстранување на објектот.

ПС Струга поднесе кривична пријава против Ќ.М. (56) од с. Биџево, управител на ГТУД „Трим“ ДОО - Охрид и правното лице ГТУД „Трим“ ДОО Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење“. Пријавениот во својство на управител на правниот субјект, како инвеститор на локација во катастарска општина Струга, без одобрение за градење започнал градба на колективна станбена зграда. Од страна на градежен инспектор на Општина Струга составен е записник и донесено е решение за отстранување на објектот.

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK