Започна фасадирањето на манастирот “Свети Великомаченик Ѓорѓи” во Вевчани
- Детали
- Објавено на Вторник, 24 Септември 2013 20:46
Од денеска градежните работи на манастирот “Свети Великомаченик Ѓорѓи” во Вевчани продолжуваат со ѕидање на фасада од камен. Вевчанци се надалеку познати мајстори во изработката на совршени фасади. Се очекува по завршувањето на фасадирањето манастирот да биде величествено духовно здание, кое ќе ги воодушевува посетителите.
Пред неколку недели беше осветен куполниот крст на православниот храм.
Манастирот е распослан на девет илјади метри квадратни, а се гради со донации од граѓаните. Светиот храм е во форма на крст и уште сега, во фаза на изградба изгледа грандиозно.
Градоначалникот на Вевчани Цветомир Угриноски денес лично го посети манастирот за да види како се одвива изградбата.
Камен темелник на манастирот беше поставен на големиот христијански празник “Свети Георѓиј” или народно познат како “Ѓурѓовден”.За само три месеци рекордно заврши првата фаза од изградбата на манастирот , веднаш до влезот на Порта Вевчани.