Сре05252022

Последна промена10:53:20 AM

SCREEN

Cpanel

   

Back Вие сте на: Home Вести Струга На црковно место во Струга се гради споменик во чест на албанските востаници

На црковно место во Струга се гради споменик во чест на албанските востаници

Сподели

На црковно земјиште се гради споменик на албанските војници, кои учествувале во Македонско албанското востание против српскиот окупатор.

Утрово во струга на местото викано “Теферич” без законска дозвола по иницијатива на жителите на селата Теферич и Радолишта отпочна изградба на спомен обележје испишано на албански јазик.

Струшкиот завод, веднаш реагираше бара стопирање на изградбата на споменикот, бидејќи по сите стари документи местото е црковно. Во минатото имало црква, а до пред десетина години имало и верско обележје, крст. За поставување на споменик во чест на востанието да се почека мислењето на стручната научна јавност.

- Самиот денешен настан и поставувањето на споменик е легитимно, но не на место каде што не му припаѓа, тоа е проблемот. Ова е црковно место. До пред десетина години на ова место имаше и крст и верско обележје. Во старите визитации на Епархијата е обележано како црковно место, вели Сашо Цветкоски директор на Музеј “Никола Незлобински” Струга.

Претседателот на организациониот одбор на МЗ Радолишта и Таферич, поранешниот директор на “Проаква” Струга Ваит Ајро тврди дека за споменикот имаат усна дозвола од струшкиот градоначалник. Според него токму на ова место пред точно сто години албанските востаници тргнале против српската војска. Негираат дека се работи за црковно место.

- Нема тука теорија на црковни места едно друго. Некогаш било запишано во 1999 година во некој урбанистички план. Но Во 2004 година тоа не постои од тогаш Во самата документација која е во катастар и во општината не постои такво нешто, вели Ајро.

Албанските жители кои бесправно започнаа изградба на споменик на црковно место велат дека изминале сто години и немаат намера веќе да чекаат. Струшкиот музеј денес поднесе барање и до градоначалникот Зиадин Села веднаш да се стопира изградбата на споменикот. Не добија никаков одговор а Села денес остана недостапен за медиумите.

 

 

 

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK