Сре05252022

Последна промена10:53:20 AM

SCREEN

Cpanel

   

Back Вие сте на: Home Вести Струга Привршува изградбата на конаците на манастирот “Свети Спас“ во Вевчани

Привршува изградбата на конаците на манастирот “Свети Спас“ во Вевчани

Сподели

Во тек е завршната фаза од доизградбата на конаците на манастирот Св.Спас (Горни) во општина Вевчани.

А.Д. МЕПСО донираше 15.000 евра за доизградба на конаците а локалната самоуправа обезбеди средства за изградба на видиковец под 25 метарскиот крст над манастирскиот комплекс.

 

Манастирот "Свети  Спас" (Горни) се наоѓа во планината западно од селото.

Со овие инвестиции оваа атрактивна планинска локација ќе претставува пријатно излетничко место за одмор, релаксација и вдишување душевен мир за посетителите.

Со еден час пешачење низ старата дабова шума се стигнува до манастирот, кој е изграден во карпите што е карактеристика за целиот терен тука.

За овој манастир белешки дал и Нушиќ во 1892 година, наведувајќи дека: "Над Вефчани, во брдото, има доста стар манастир Св. Спас".

Постоењето на бројните духовни светилишта во Вевчани, во минатото многу придонесло за збогатување на духовниот живот на населбата. За тоа своја заслуга имале и самите свештеници кои служеле тука. Не помало значење имаат и вевчанските градители чие дело е вградено трајно во овие свети храмови. Нивниот дух зрачи и пошироко од родното Вевчани.

Благодарение на овие знајни и незнајни градители, во Вевчани, на овој мал, но духовно богат простор, се изградиле повеќе сакрални објекти. Култот кон нив живее и денес.

Вевчани е единствено подјабланичко место кое што успеало најмногу да одолее на исламизацијата од страна на Турците. Иако и тука се јавувале поединечни случаи на конвертити, тие не можеле да останат во таа средина којашто ги третирала како отпадници од христијанската вера.

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK