Вандали кршеле икони и палеле во црква во село Октиси
- Детали
- Објавено на Недела, 29 Септември 2013 11:44
Непознати вандали деновиве ја обиле вратата од црквата "Свети Димитрија" на влезот во селото Октиси струшко. Влегле во храмот и искршиле неколку икони, дознава Охриднет. Ги собрале црковните свеќи на масата со платно во средината на црквата и ги запалиле. Вистинско чудо е што огнот не го пеплосал храмот.
- Непознати вандали со хебла ја обиле влезната врата во црквата. Зеле едно кандило и две три кила свеќи ги ставиле на среде црква и ги запалиле, вели за Охриднет отец Зоран Попоски парохискиот свештеник.
Селото Октиси изминатиов месец е познато во јавноста по меѓуверскиот инцидент, кој се случи на крајот на месец Август. Православните жители на селото Октиси беа спречени од нивните сожители од муслиманска веросиповед да стават темели за обновување на црквата “Свети Димитрија”, за што имаат градежна дозвола.
- Проблемот е во тоа што нема епилог на сите настани кои што изминатиов период се случуваа во село Октиси, додава Попоски.