Пон03082021

Последна промена10:50:20 AM

SCREEN

Cpanel

   

  • sileks
Back Вие сте на: Home Вести Струга Распеани пензионери на ревијата на песни

Распеани пензионери на ревијата на песни

Сподели

14.РЕВИЈА НА ПЕСНИ,МУЗИКА И ИГРИ ОД ЗАПАДНИОТ РЕГИОН. РАСПЕАНИТЕ ПЕНЗИОНЕРИ ВО КИЧЕВО ПЕЕЈА ЗАБОРАВЕНИ ИЗВОРНИ ПЕСНИ. 

 

Песната,музиката и играта ги обединија пензионерите од 8 регион - ЗП:Охрид и Дебарца,Гостивар,Македонски Брод,Прилеп,Струга,Дебар и Центар Жупа и домаќинот ЗП-Кичево.На 14-тата Пензионерска музичка ревија во Кичево која се одржа на 19 мај .Во Домот на културата „Кочо Рацин“во Кичево настапија над 150 учесници,фолклорни групи и музички состави.


Претседателот на Здружението на пензионери од Кичево кој прв ги поздрави присатните и учесниците Љубомир Лукарески,истакна дка тие се гордост што нивната општина и здружението е домаќин на ваков настан.
Ова е во рамките на нашата годишна програма на нашето Здружение и сметаме дека овој настан има големо значење.Ние како пензионери од третата доба од нашиот живот малку да се разонодиме,а,и да ширием познатства и да се запознаеме меѓу себе,како и со местата во општината.Ревијата за отворена е прогласи потпретседателот на СЗПМ-Бесник Поцеста.
Ревијата започна со дефиле низ главната улица на градот,каде голем број граѓани беа присутни, што ги поздравија со бурен аплауз сите уесници ,а додека пак учесниците ги поканија да дојдат во салата да ги проследат.
На сцената беше презентирано богатство од носии,интерпретирани стари заборавени македонски изворни песни со што пензионерите на старата традиција дадоа нов живот.Кај возрасните е мудроста,кај младите енергијата,а ова е доказ дека уште има енергија кај пензионерите.Со вакви средби се дава пример на помладите дека треба да има дружење,меѓусебно почитување и трба да се вратиме на нашата традиција и култура.
Овогодишната манифестација беше во знакот на одбележувањето на 70 години на Сојузот на пензионери на Македонија.
Во име на организаторот,СЗПМ,на сите здруженија-учесници им беа врачени благодарници.Потоа проследи заедничко дружење во ресторанот АТВА во градот домаќин.

автор СТОЈАН КУКУНЕШОСКИ

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK