Саб02272021

Последна промена08:55:45 PM

SCREEN

Cpanel

   

  • sileks
Back Вие сте на: Home Вести Струга Дојава за бомба во струшко училиште

Дојава за бомба во струшко училиште

Сподели

Утрово во ОУ ,,Браќа Миладиновци" во Струга анонимен пријавител пријавил бомба.

Дојавата предивикала паника и вознемиреност. Учениците се евакуирани а во училиштето се уште трае истрагата од страна на специјални полициски тимови. Се претпоставува дека станува збор за лажна дојава. 

 

Според директорот на училиштето Шелким Алиу, полициски службеници дошле во училиштето и кажале да се евакуираат учениците поради дојава за бомба во близина на училиштето, по што наставата била прекината.

 

-Дојдоа надлежните од МВР од Струга и ни рекоа без паника да ги евакуирате децата од задните врати. Ги евакиравме без никаков проблем. Се претпоставува дека во една бугарска кола имало бомба во близина на школото. Дојдоа експерти од Скопје и Охрид, проверија и видоа дека нема ништо, изјави за МИА, Алиу. Тој посочи дека продолжила редовната настава од втората смена.

 

СВР Охрид детали за настанот најави за во текот на денот.

 

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK