СВР: Нема експлозивна направа во автомобилот во Струга

Сподели

Нема експлозивна направа која може да предизвика општа опасност поставена во патничко моторно возило во Струга, соопшти портпаролот на СВР Охрид, м-р Стефан Димоски.

Ова го констатираа стручни полициски тимови од анти-тероризам при СВР Охрид и полициски службеници од полициската станица во Струга, при денешните активности во Струга по добиена информација за можна поставена направа во патнички автомобил на улицата „Јово Стефаноски Риле“ во Струга, кажа портпаролот Димоски.
Тој додаде дека во полициската станица во Струга, денес во 09 часот и 30 минути добиена е информација за направа која може да предизвика општа опасност, поставена во патнички автомобил марка „Нисан Примера“ со бугарски регистарски ознаки.
По добиената информација, полициски екипи ги презедоа сите безбедносни мерки за обезбедување на поширокиот простор каде беше паркирано патничкото возило а потоа и преглед врз истото, информираат од СВР Охрид.