Привршува изградбата на амбулантата во Лабуништа
- Детали
- Објавено на Недела, 29 Мај 2016 18:33
За 40 дена Лабуништа добива нов Здравствен дом, најави претседателот на ВМРО ДПМНЕ Никола Груевски.
Привршува изградбата на новата амбуланта во која ќе има и Итна медицинска помош која ќе опслужува 10 000 жители во струшкото село Лабуништа. Во исто време со засилено темпо, според планот продолжува и изградбата на специјалната болница за ортопедија и трауматологија Свети Ерзамо Охрид.