Пон03082021

Последна промена10:31:03 AM

SCREEN

Cpanel

   

  • sileks
Back Вие сте на: Home Вести Струга Доаѓа првата група деца на бесплатен одмор во Струга

Доаѓа првата група деца на бесплатен одмор во Струга

Сподели

Проектот за бесплатно одмор за деца од социјални загрозени семејства ќе продолжи и оваа година, со што четврта година по ред дечињата ќе имаат можност бесплатно да летуваат или зимуваат.

 

До сега околу 12.000 деца од семејства во социјален ризик и приматели на посебна помош ја имаа можноста да заминат на летување или зимување.

-Годинава кон средината на јуни ќе заминат уште околу 2.000 деца. За тоа се обезбедени околу 8 милиони денари, а зимава на зимување ќе заминат уше 1.000 деца. Ова е извонредна можност која што ја немаше во минатото, децата на семејствата кои што се во социјален ризик и кои што се со многу ниски примања и кои што се зависни од социјалната помош која што ја дава државата со години немаа можност да заминат некаде на одмор и како нивните врсници да го почувствуваат сето тоа и да можат кога ќе се вратат со другарчињата да споделат како поминале, што виделе што научиле како се одмориле или како се забавувале, вели лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски.

Оваа мерка е започната во 2012 година, а беше најавено во 2011 година и истата веќе стана традиција во периодот додека ВМРО-ДПМНЕ е на власт.

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK