Одбележани 72 години од Првата пролетерска бригада

Сподели

 

Денес пред седиштето на општинската организација на Сојузот на борците од Струга,пред голем број граѓани и подржувачи на традициите од НОВ,по повод 72 години од формирањето на Првата пролетерска македонска народно ослободителна бригада,положија цвеќе на споменикот од НОБ.

На бистите и спомен обележјата,цвеќе положија и делегациите:од главниот одбор и градскиот одбор СБ на Македонија,Армијата на Република Македонија,од Сојузот на борци –Охрид,Кичево,Дебар,како и од Социјал демократскиот сојуз на Македонија-Струга,ВМРО-ДПМНе-Струга,Активот на жени –Струга,делегација на здружението ТИТОИСТИ-Охрид.


За значението на формирањето на Првата пролетерска македонска народноослободителна ударна бригада пред граѓаните зборуваше претседателот на општинската основна организација на Сојузот на борци за Струга Ајрадин Мемети,а за борбениот пат на бригадата зборуваше професорот по исторуја Наце Иваноски кој е по потекло од Малесија.
Во име на Републичкиот Сојуз на борци од Македонија ги поздрави потпредсаделот на главниот одбор на Сојузот на борци за Македонија Наум Бурески.



И овој пат ,како и во војната,на најубав начин се докажа сожителството на македонскиот народ со сите националности што живеаат во Струга и струшко.
На собирот присутен беше и единствениот жив борец од Струга Илија Балоски.