Саб03062021

Последна промена01:17:21 PM

SCREEN

Cpanel

   

  • sileks
Back Вие сте на: Home Вести Струга Распеани струшки пензионери на ревијата песни

Распеани струшки пензионери на ревијата песни

Сподели

Пеачката група „Езерски бран“при ЗП-Струга,која во мајските 14-ти регионални ревии на песни,музика и игра,која се одржа во Кичево се кфалификува за учество на Републичката ревија,која се одржа на 7 јуни во Домот на АРМ во Скопје,а ги организира Сојузот на здруженијата на пензионери на Македонија.Мешаниот хор од Струга се претстави со песните:„Си заљубив си заљубив“,Девојченце-девојченце“и „Песна за Струга“ беше еден од најатрактивните кој доби најмногу аплаузи во салата.


На манифестацијата учество зедоa 27.ансамбли од Здруженијата на пензионери од цела Македонија,а настапија 600 учесници.


Оваа манифестација,која е плод на заложбите на највозрасната,но и најмудрата генерација за негување на нашата богата традиција,е рзултат на силната желба,посветеност и длабока почит на пензионерите кон трајните вредности на културата како наше национално и културно обележје.Само по себе е значајна и поради тоа што дава можност за дружење,социјализација и подолг и поквалитетен живот на пензионерите.Токму затоа,имајќи ја предвид оваа успешна мисија на пензионерите,Министерството за култура ја прогласи Републичката ревија на пензионери за манифестација од посебен национален интерес за култура-истакна градоначлникот Коце Трајановски во поздравниот говор,изразувајќи желба за понатамошна отворена сосработка со Сојузот на здруженијата на пензионери.

СТОЈАН КУКУНЕШОСКИ

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK