Сите лауреати – пензионери во Струга на јубелејната „Година на есејот“

Сподели

Десеттата меѓународна литературна манифестација „Година на есејот“,што ја организира Медитеранската академија,се одржа на 2,3 и 4 јуни во Струга,Враништа и во Охруд.

Присутни беа сите десет досегашни лауреати (сега сите пензионери) на признанието „Академија на Медитеранот“ за творечки опус:Луан Старова и Јован Стрезовски (Македонија),Горан Калоѓера и Хелена Саблиќ-Томиќ (Хрватска),Сретен Перовиќ (Црна Гора),Радомир Андриќ (Србија),Ана Багарјана Украјина),Антолија Антолјевич (Русија),Петар Андасаров (Бугарија) и Младен Шукало (Босна и Херцеговина),кој е лауреат за 2О16 година.

Годинашнава јубилејна десетта литературна манифестација изобилуваше со многу програмски содржини и целини.Беше објавена книгата зборникот „Јубилеј на Годината на есејот“,а наедно беа промовирани и многу киниги и изданија.Сатисфакција,и врв на нашата манифестација,претставува тоа што вдахновено преку есејот ги негуваме и извишуваме духовничките човечки уметности:литературата и ликовната уметност-вели Разме Кумбароски,директор на Медитеранската академија.И тоја пензионер.
Манифестацијата започна на празникот Св.Никола –Летен со уметничкиот перформанс „Ткаеж“по книгата на Јован Стрезовски.Новинарот публист Милчо Јовановски одржа беседа „Пофалните слова и житија на Св.Климент Охридски и крунисувањето на цар Самуил“.Се положи цвеќе на споменикот на браќата Миладиновци,а во Спомен – домот се одржа уметничката работилница „На наши места ја да си идам“ со промоција на повеќе нови книги,беше одбележана и 25-годишнината од постоењето на издавачката куќа „Матица Македонска“
На свеченото отворање на јубилејната манифестација имаше изложба на Давор Шариќ од Хрватска,а во чест на лауреатот Младен Шукало одржа свечен концерт во изведба на оперскиот пеач Слободан Цветичанин од Хрватска,во пијано придружба на Јагода Треневска.Литературен портрет и реч за лауреатот одржа Веле Смилевски,претседател на Друштвото на писателите на Македонија.

автор СТОЈАН КУКУНЕШОСКИ