Конференција за управување со цврст отпад во Струга
- Детали
- Објавено на Петок, 17 Јуни 2016 06:42
Идната недела Струга ќе се одржи дводневна „Конференција за интегрирано управување со цврст отпад во прекуграничните и крајбрежните области во регионот на Југоисточна Европа“.
Проектот „Управување со цврстиот отпад“ е насочен кон проценување и развивање на модели за интегрирано управување со цврстиот отпад кои се еколошко ефикасни и економски прифатливи, со цел да се намалат негативните еколошки и економски влијанија на лошото управување со цврстиот отпад, како и за поддршка на еколошкиот и социо-економскиот развој на прекуграничните рурални и крајбрежни области во земјите од Југоисточна Европа.
Конференцијата е во организација на Постојаната работна група за регионален рурален развој (SWG) во Југоисточна Европа.