Сре05252022

Последна промена10:53:20 AM

SCREEN

Cpanel

   

Back Вие сте на: Home Вести Струга ОБНОВЕНО: 29 годишно момче од Велешта загина во сообраќајка

ОБНОВЕНО: 29 годишно момче од Велешта загина во сообраќајка

Сподели

Во тешка сообраќајна незгода што се случи рано утрово животот го загуби 29 годишно момче од Велешта.

Едно лице го загуби животот во тешката сообраќајна незгода што рано утрово околу 03 часот и 50 минути се случи на регионалниот пат Струга- Дебар. Агрон К. (29) од Велешта на лице место им подлегна на повредите во момент кога патничко моторно возило „БМВ“ со струшки регистарски таблички, управувано од сега починатиот, излетало од патот и директно удрил во камена ограда. Во тешката сообраќајна незгода, со телесни повреди се здобил Б.В. (42) од селотот Велешта. Тој е пренесен на хируршкото одделение во општата болница во Струга каде е задржан на понатамошно лекување. На местото на тешката сообраќајна незгода извршен е увид во присуство на истражен судија и јавен обвинител како и полициски екипи од полициската станица во Струга. За време на увидот, полициски службеник вршеше физичко регулирање и пренасочување на сообраќајот на регионалниот пат по споредни патишта и улици. Се утврдуваат причините за тешката сообраќајна незгода.

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK