Саб03062021

Последна промена01:17:21 PM

SCREEN

Cpanel

   

  • sileks
Back Вие сте на: Home Вести Струга Рекреативна тура до Света Тројца над Горно Белица

Рекреативна тура до Света Тројца над Горно Белица

Сподели

Во организација на Планинарското друштво Закамен Струга на втор ден Духовден и оваа година ќе продолжи долгогодишната традиција рекреативна тура до Парумба. Литија до црквичката посветена на Св. Тројца која се наоѓа на местото викано Парумба (Гулабица на влашки), над селото Горна Белица во Струга, на околу 1900 мнв. Се тргнува во раните утрински часови, на изгрејсонце и до црквичката се стигнува единствено пеш.

 

Од искони на Парумба има извор на кој му се припишуваат лековити својства. Но литиите како оваа станаа годишна традиција откако е изградена црквичката. Речението за градење на оваа светија е предадено преку сон. Во 90тите години изградена е од Разме и Роза Јанкоски. Црквичката е осветена на 28 септември 1998 година од митрополитот Дебарско-кичевски Тимотеј, а ѕидовите се живописани од зографот Лазар Лековиќ.

До црквичката се стигнува за еден до два часа пешачење. Патеката почнува благо и лесно, а што повеќе се искачуваме станува се пострмна. Патеката почнува во планинска шума, која подоцна е заменета со стрмна голина.Веќе неколку години по ред, монаси од манастирот Св. Јован Бигорски ја водат Литијата. Се служи Литургија, а потоа се свети водата која се смета за лековита, информираат од Закамен Струга.

20.06.2016 година (понеделник) – Рекреативна тура до црквата Света Троица – Парумба (1900 м.н.м.в)

• 06.00 часот - поаѓање од Горна Белица кон црквата Св.Троица - Парумба.
• 08.00 часот - пристигнување и присуство на верските обреди.
• 09.00 часот - поаѓање кон Горна Белица.
• 12.00 часот - затворање на настанот.

 

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK