Во Струга состанок за безбедност на капалитата

Сподели

Превенција на кражби во згодна прилика и превенција на несреќи на капалиштата на струшкото крајбрежје, се теми на состанокот што денеска во 11 часот ќе се одржи во хотелот „Дрим“ во Струга.

На состанокот ќе бидат присутни претставници од СВР Охрид, Езерската полиција, Капетанија Охрид, ОО „Црвен крст“ Струга, концесионери на плажи, претставници од јавното претпријатие за паркинг услуги од Струга и други.