Нед03072021

Последна промена01:41:22 PM

SCREEN

Cpanel

   

  • sileks
Back Вие сте на: Home Вести Струга „Струшко изгрејсонце“ за писателката Ели Маказлиева

„Струшко изгрејсонце“ за писателката Ели Маказлиева

Сподели

Традиционаланата награда „Струшко изгрејсонце“ која се доделува за книга за деца и млади од македoнски автор,

годинава ја доби писателката Ели Маказлиева. Наградата и е доделена за книгата „Весели песни со букви лесни“ во издание на „Едука Мак“ од Скопје.

Станува збор за мошне едукативна, полезна и поучна книга за буквите од македонската азбука проследени и обогатени со прекрасни илустрации од Игор Јовчески. Поетесата Ели Маказлиева, која со години по ред работи и истражува во полето на литературата за деца и млади, водела доволно грижа за возраста и предзнаењето на читателите, па подготвила песни кои освојуваат со својата едноставност, певливост и ритмичност. Како што и самиот наслов на книгата говори, „Весели песни со букви лесни“ е неопходна сликовница за секое дете, која треба да се најде и во секој наш дом.

Ели Маказлиева е автор на голем број изданија за деца и млади и гласен и одговорен уредник на списанието за најмладите „Смешко“. Нејзина специјалност е воспитанието и образованието на децата и е магистер по педагошки науки. Основач е на Издавачката куќа „Едука Мак“ од Скопје.

Наградата „Струшко изгрејсонце“ ја доделуваат издавачката куќа „Феникс“ и Фондацијата за културна и научна афирмација и презентација Македонија презент од Скопје.

ИДосегашни добитници на наградата се писателите Киро Донев, Панде Манојлов, Петко Шипинкаровски, Добре Тодоровски, Трајче Кацаров и Васил Тоциновски.

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK